Енди Мареј го пропушта Вимблдон?

Најавеното враќање на најдобриот британски тенисер, Енди Мареј би можело да биде пролонгирано откако станува јасно дека рехабилитацијата по операцијата на колкот се пролонгира. Поранешниот светски рекет број еден не беше многу на тениските терени последниов период.  Мареј нема турнирски настап уште од минатиот Вимблдон, а како што стојат работите годинава нема да настапи на британскиот гранслем годинава.

Спред официјалните најави, враќањето му беше предвидено за серијата турнири на трева кои практично се подготовка за Вимблдон. Првиот турнир во распоредот му е оној во Росмален во Холандија од 11 до 17 јуни. Но се погласни се шпекулациите дека овие најави можеби и не би се оствариле бидејќи Мареј во последните две седмици воопшто не тренираше со својот тим. Како што јавуваат британските медиуми, рехабилитацијата тече многу побавно од прогнозите и огромни се шансите дека тој нема да настапи на ниту еден од предвидените турнири на трева, вклучувајќи го и Вимблдон.

Ова ќе значи и уште поголем пад на АТП-листата за британскиот тенисер, кој моментно се наоѓа на 39. позиција.

Се вчитува...