Реинкинд во последната секунда донесе победа на Кил во Загреб

Кил му го нанесе вториот пораз на Загреб во низа откако во 13. коло од групната фаза во Лигата на Шампионите славеше со 27-28 благодарение на Реинкинд кој реализираше во последната секунда од мечот.

Двата тима одиграа изедначен натпревар во кој и домаќините и гостите имаа свои моменти, но не успеаја да ја задржат предноста. Хрватскиот тим на отварањето на второто полувреме стигна до позитива од 17-13, но Германците се вратија, а откако поведоа со 24-26 во завршницата не успеаја да ја задржат предноста.

Загреб преку Кларица и Обрановиќ стигна до изедначување на 17 секунди до крајот на мечот по што последниот напад му припадна на гостинскиот состав, а Реинкинд погоди за голема победа која е во полза и на Вардар.

Сега Загреб се наоѓа на седмата позиција на табелата со осум освоени бода и натпревар повеќе од Вардар кој ја завзема петата позиција на табелата со девет освоени бода по 12 одиграни средби.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...