Рекорден награден фонд на Ролан Гарос

Наградниот фонд за овогодинешниот Ролан Гарос ќе изнесува вкупно 54,6 милиони долари, што е за 12,3 отсто повеќе во однос на 2022 година, објавија организаторите на вториот гранд-слем во сезоната.

Понудата за сингл турнирите на Ролан Гарос ќе се зголеми за 9,1 отсто во однос на 2022 година, а организаторите велат дека „значително го зголемиле“ наградниот фонд за да обезбедат порамномерна распределба меѓу играчите.

Тенисерите кои ќе загубат во првите три кола во сингл конкуренција годинава ќе добијат меѓу 11 и 13 проценти повеќе, а организаторите го зголемија и наградниот фонд за трите кола од квалификациското натпреварување во просек за 11,8 проценти.

Победниците во женска и машка конкуренција ќе добијат по 2,3 милиони евра. За четири отсто е зголемен и наградниот фонд за машки и женски парови, додаваат организаторите.

Ролан Гарос се одржува од 28. мај до 11. јуни.

Се вчитува...