Рекордерот во Премиер лигата стана маратонец

Рекордерот по бројот на настапи во Премиер лигата, Џејмс Милнер, само неколку месеци по завршување на кариерата, успеа да ја истрача целата должина на маратонот во Њујорк.

Милнер делницата од 42 километри и 192 метри ја истрча за импресивни три часа девет минути и четири секунди.
На 41-годишниот Милнер, ова му беше прв маратон и на медиумите им откри дека се подготвувал со помош на вештачката интелигенција (ВИ).

Тој откри дека со помош на ВИ направил план за тренинзи пред маратонот во Њујорк.

„Најдолгата делница која ја истрчав беше нешто повеќе од 32 километри. Неколку пати трчав и до 30 километри, а потоа почнав да користам ВИ за подготвока на план за тренинзи“, открива Милнер.

Џејмс Милнер кариерата ја заврши во мај годинава и тоа во дресот на Брајтон. Во долгата кариера тој настапи на рекордни 658 натпревари во Премиер лигата, а го носеше дресот на Лидс, Њукасл, Астон вила, Манчестер сити, Ливерпул и Брајтон, а краток период помина и во Свиндон како позајмен играч.

Освои вкупно 11 трофеи, од кои три во Премиер лигата, два со Манчестер сити и еден со Ливерпул. Со Ливерпул триумфира и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...