Ремек-дело: Мертенс со проектил против Барса го стигна рекордот на Хамшик

Наполи поведе со 1-0  на дуелот со Барселона, а Дрис Мертенс е херојот на тимот на Елиф Елмас, откако Белгиецот со фантастичен удар од дваесетина метри го матираше Тер Штеген, кој не се ни помрдна по проектилот на асот на „наполитанците“.

Воедно, Мертенс со овој гол се израмни со Марек Хамшик на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Наполи. Двајцата сега зад своето име имаат по 121 гол, со што што Мертенс до бројката стигна за седум сезони, пет години помалку во дресот на „наполитанците“ во однос на Хамшик.

На третото место на оваа ранг-листа се наоѓа Диего Армандо Марадона со 115 погодоци, пред Салустро со 108 и Кавани со 104 гола во дресот на „наполитанците“.

Се вчитува...