Реми без голови меѓу Бордо и Олимпик Лион

Олимпик Лион не успеа да стигне до полн плен и одигра само нерешено 0-0 на гостувањето кај Бордо во третото коло од француската Лига 1. Иако гостите беа подобар противник и имаа и посед и шанси не успеаја да ја затресат мрежата на Беноа Костил.

И двата тима остануваат непоразени во досегашниот дел од шампионатот. Жирондиницте по три одиграни натпревари имаат освоено пет бода и се наоѓаат на втората позиција на првенствената табела, додека Лион е трет со бод помалку, но и натпревар помалку од денешниот противник. За потсетување европскиот вицешампион и бранител на трофејот во Франција, Пари Сен Жермен вчера во премиерниот меч сезонава загуби на гостувањето кај Ленс со 1-0.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...