Реми без голови на Ренова и Шкупи во Тетово

Ренова и Шкупи одиграа натпревар без голови во првиот меч од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот кој се одигра во Тетово, главно низ израмнет дуел двете екипи ги поделија бодовите. Составот на Ќатип Османи успеа да дојде до реми против фаворизираниот противник кој сега е на три бода од лидерот Шкендија, во очекување на утрешниот натпревар на „црвено-црните“.

ПРВА ЛИГА – 17. коло

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ 0-0

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – СИЛЕКС

Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА

Се вчитува...