Реми на Академија Пандев против азербејџански Сумкајит

Академија Пандев стигна и до своето прво реми за време на подготовките во Анталија по претходните три порази. Струмичани денеска ремизираа (1-1) со азербејџанскиот прволигаш Сумкајит.

Азербјеџанците први дојдоа до предност со голот на Вургун Хусејнов во 30. минута, а Академија Пандев сосема заслужено израмни преку Александар Мишов во 44. минута од средбата.

На проба во редовите на струмичани настапи и Аргентинецот Охеда кој претходно изминатите денови беше но не помина на проба во редовите на Вардар.

Тренерот на Академија Пандев, Панче Стојанов на денешниот контролен натпревар се одлучи да стартува воо следниот состав: Истатов – Атанасковски, Вареловски, Илиев, Чешмеџиев – Стоилов, Охеда, Грифони, Иванов – Марков, Мишов.

Следниот пријателски натпревар на Академија Пандев во Анталија е на 31. јануари против Приштина од Косово.

Се вчитува...