Реми на ППД Загреб и Монпелје

ППД Загреб и Монпелје одиграа без победник 27-27 во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во ракометната Лига на шампиони.

Натпреварот почна многу лошо напаѓачки и на двете страни, но дефинитивно многу полоши беа домаќините кои за 14 минути постигнаа само еден гол, а резултатот на семафорот на влезот во 15 минута изнесуваше (1-4). Како одминуваше вториот дел и двата тима заиграа за нијанса подобро па на пауза се замина со предност од два гола на францускиот великан 11-13.

Во вториот дел продолжи големата борба на двете страни, a натпреварот влезе во неизвесна завршница откако на минута и половина до крајот беше нерешено 27-27. И двата тима не успеаја да постигнат гол во финишот, па резултатот на семафорот остана 27-27. Звонимир  Срна со шест гола беше прво име кај домаќините, додека кај гостите Диего Симонет и Сташ Скубе постигнаа по шест гола.

Реваншот на овој меч е за една седмица, а победникот во четвртфиналето ќе игра против германскиот Кил.

Се вчитува...