Реми на Прилеп и Тиквеш за крај на 3. рунда во Суперлигата

Ракометарите на Прилеп и Тиквеш одиграа без победник 28-28 во последниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Суперлигата на Македонија.

Натпреварот кој беше одложен поради настапот на кавадарчани во ЕХФ купот помина во израмнета игра на двете страни, па на крајот конечниот резултат ја прикажа реалноста на теренот.

Андреј Стојановски со десет гола беше најефикасен во домашниот табор, додека кај гостите Тоше Ончев постигна пет гола.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...