Реми на Шкупи во Приштина, доволно за 2. коло во Конференциската лига

Шкупи е единствената македонска екипа која успеа да го мине првото квалификациско коло од новата УЕФА Конференциска лига. По елиминацијата на Струга ТЛ и Силекс, чаирчани обезбедија место во второто коло откако ремизираа (1-1) на гостувањето против Лапи во Приштина, сосема доволно по победата од 2-0 во Скопје.

Рутински, се чини, фудбалерите на Шкупи одржуваа резултатска контрола и покрај тоа што во првото полувреме домаќините беа тие со повеќе шанси на теренот. Маркоски имаше можност за македонскиот тим, но остана нереализирана.

Во второто полувреме рамноправна игра на двете страни, со тоа што Шкупи имаше далеку повеќе можности за погодок. По неколку нереализирани, следеше голот на Али Адем за водство од 0-1.

Сепак, триумф на Шкупи спречи Фазлиу со голот во 84. минута за конечни 1-1.

Покрај Шкупи, кој сега ќе игра со Санта Клара, во 2. коло од УЕФА Конференциската лига ќе игра и Шкендија која беше елиминирана на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Се вчитува...