„Реми“ серијата на Аталанта продолжува, бод и против Милан (ВИДЕО)

Аталанта го одигра својот седми нерешен резултат во сезоната, откако на домашен терен вечерва ремизираше против Милан, играјќи 1-1. Ова беше петти нерешен резултат во низа за тимот од Бергамо.

Милан рано поведе со голот на Ричи, уште во 4. минута од средбата. Во 35. минута Лукман ја надмудри одбраната на гостите, и со силен удар го совлада Мањон за израмнување.

Во вториот дел немаше голови, а немаше и многу шанси и главно се играше на средината на теренот. Најсериозната прилика ја имаше Аталанта, но Мањан беше фантастичен на голот на „росонерите“. Милан не упати ниту еден шут кон голот на противникот во второто полувреме.

Се вчитува...