Реми во градското дерби меѓу Севилја и Бетис (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севилја и Реал Бетис одиграа без победник 1-1 во градското дерби како дел од 13. коло во шпанската Ла лига. Откако мрежите мируваа цели седумдесет минути, гостите стигнаа до предност од 0-1 со погодокот на Перез во 72. минута.

Конечните 1-1 беа дело на Иван Ракитиќ во 79. минута. Со овој бод Бетис останува на седмата позиција на првенствената табела со 21 бод, додека Севилја останува тринаесетта со 12 освоени бода.

 

Sevilla [1]-1 Betis – Ivan Rakitic 79′
byu/Meladroitdeposter insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

 

 

Се вчитува...