Рен го најде решението за ПСЖ

ПСЖ го претрпе и првиот пораз во француското првенство откако на гостувањето кај Рен загуби со 2-0. Домаќините поведоа во мечот во 44. минута преку Гаедан Лаборт, а Рен во првата акција од второто полувреме успеа и по втор пат да го совлада Донарума.

Мбапе во 68. минута од мечот успеа да постигне гол за ПСЖ, но по прегледување на ВАР истиот беше поништен поради офсајд на младиот Французин. Во 74. минута шанса за намалување на негатива имаше и Меси, но обидот на Аргентинецот заврши покрај стативата.

И покрај поразот ПСЖ останува на првото место во француското првенство, но со намалена бодовна разлика во однос на второпласираниот Ленс. За Рен пак ова е трета победа во сезоната со која клубот се искачи на седмото место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...