„Ренџерите“ на Џерард владеат со Глазгов

Глазгов Ренџерс се зацврсти на чело на табелата во шкотската Премиер-лига откако „сините“ славеа на големото дерби против Селтик, и тоа на гостински терен со 0-2.

Избраниците на Стивен Џерард целосно доминираа на теренот, Селтик за 90 минути игра не упати ниту еден удар во рамките на голот на гостите, додека на спротивната страна Глазгов Ренџерс знаеше како да ги искористи своите шанси. Голдсон беше човекот на одлуката, постигнувајќи ги головите во 9. минута од првото и од второто полувреме, за огромна радост на гостинскиот состав.

Глазгов Ренџерс сега има 29 бода, четири повеќе од Селтик, со тоа што Селтик има и натпревар помалку од лидерот на табелата.

Се вчитува...