Рене Паурич: Македонија победи на нечесен начин!

ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн,

Владимир Булатовиќ

Лихтенштајн доживеа уште еден пораз (0-2) од Македонија во Вадуц, а селекторот Рене Паурич смета дека е остварен на нечесен начин. Тој има своја анализа за случувањата на стадионот „Рајнпарк“.

„Сакам да и честитам на Македонија за победата, но мора да кажам дека беше на нечесен начин. Пред првиот гол повеќе од 20 секунди наш фудбалер лежеше повреден на терен, а македонските фудбалери неспортски продолжија да играат и потоа следеше слободниот удар од кој Барди постигна гол. Ова првпат ми се случува во мојата кариера и навистина сум изненаден од неспортскиот потег на Македонците. Да не беше тоа мислам дека ќе извлечевме реми, и тоа ќе беше сосема заслужено!“, изјави селекторот на Лихтенштајн.

Се вчитува...