Ренова го доведе Кулибали

Македонскиот прволигаш Ренова се засили со интернационалецот Сулејман Кулибали. Тој треба да ја засили конкуренцијата во одбраната, со оглед дека игра на левата бековска позиција, но и како стопер.

Кулибали доаѓа од косовскиот клуб Дреница, а претходно бил член на неколку француски нисколигаши.

Ренова успеа да го елиминира Алашкерт и се пласира во второто коло од квалификациите во Лигата на Европа.

Се вчитува...