Ренова го претстави Јасир Селмани

Македонскиот прволигаш Ренова го претстави Јасир Селмани како ново засилување. Тој се враќа во таборот на „гипсарите“ по три години, откако имаше норвешка фудбалска авантура, а потоа го носеше и дресот на Гостивар.

Селмани треба да ја засили офанзивната линија во тимот. Се работи за играч од средниот ред со изразени офанзивни карактеристики.

Ренова на стартот од новата сезона претстојниов викенд, в сабота (17.30 часот) ќе го пречека на домашен терен тимот на Силекс.

Се вчитува...