Ренова испорача „петарда“ за Велазерими на тестот во Охрид

Фудбалерите на Ренова запишаа нова победа за време на подготовките во Охрид. По претходниот триумф од 2-0 против прилепска Победа, денеска „гипсарите“ славеа со 5-0 (2-0) против второлигашот Велазерими.

Тимот на Влатко Костов очекувано беше многу подобар од второлигашот, уште во првиот дел со два погодоци најавувајќи сигурен триумф.

Стрелци на головите за Ренова беа Ненад Мишковски и Дејан Цветаноски во првиот дел, како и Влатко Стојановски, Садики и Лавдрим Скендери.

Следниот натпревар за Ренова од тестовите во Охрид останува пресметката со српскиот Јавор на 28. јануари.

Се вчитува...