Ренова одигра 2-2 против Тирана во Охрид

Македонскиот фудбалски прволигаш Ренова ремизираше 2-2 на пријателскиот натпревар против Тирана во Охрид. „Гипсарите“ имаат многу промени во составот и очигледно дека засега многу подобро функционира нападот.

Арџент Гафури и Фисник Зука беа стрелци на головите за Ренова на овој меч. Гафури погоди во 22.минута, додека Зука стрелаше во 75.минута од средбата.

Се вчитува...