Ренова остана и без Мбела, потпиша за кипарски Ермис

Францускиот интернационалец Емануел Мбела и дефинитивно ги напушти редовите на Ренова на крајот од сезоната, потпишувајќи договор со кипарскиот прволигаш Ермис.

27-годишниот Мбела потпиша едногодишен договор со Ермис, со можност за продолжување на истиот на плус уште една година.

„Имаше интерес од повеќе екипи, дел од нив и од Македонија, но сепак најдобри услови понуди Ермис кој по секоја цена го сакаше во своите редови“ – вели менаџерот на Мбела, Блерим Садикоски.

Мбела претходно во Македонија настапуваше и за Шкупи и Силекс.

Се вчитува...