Ренова подобра од Победа на тестот во Охрид

Ренова славеше против прилепска Победа со 1-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

„Гипсарите“ до триумфот против прилепчани дојдоа со погодок на Фатон Јусуфи во 18. минута. Претходно, како што е познато, Победа во првиот тест дуел за време на зимските подготовки загуби од лидерот по есенскиот дел во првенството, тетовска Шкендија со 0-2.

Се вчитува...