Ренова против Шкупи за бегство од опасната зона, Кривањева верува во триумф на чаирчани

Ренова и Шкупи го отвораат претпоследното натпреварувачко коло од есенскиот дел во шампионатот од Првата македонска фудбалска лига.

„Гипсарите“ денеска во Тетово ќе се обидат да се вратат на позитивните резултати по претходниот пораз од Работнички во Скопје иако против себе го имаат фаворизираниот Шкупи.

„Ренова е незгоден противник, знаеме дека ќе биде тежок натпревар но ние одиме на победа во Тетово. Веруваме во нашиот квалитет и со максимален ангажман можеме до посакуваните три бода“ – вели дефанзивецот на Шкупи, Бесарт Кривањева.

ПРВА ЛИГА – 17. коло (денеска, 13 ч.)

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струга: СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – СИЛЕКС

Битола: ПЕЛИСТЕР – БЕЛАСИЦА

Се вчитува...