Ренова првпат не постигна гол на првенствен меч сезонава

Екипата на Ренова на секој натпревар пред одигрувањето на 12. коло, постигнуваше барем по еден гол. Меѓутоа дојде гостувањето во Автокоманда, и дуелот со Скопје. „Пиратите“ го сопреа овој налет на тимот од Тетово, со што „Автокоманда“ беше првиот терен на кој избраниците на Ќатип Османи не постигнаа гол.

Ренова даде еден гол на Скопје, потоа два на Шкендија и на Борец, еден во поразот од Академија Паднев, еден на Работнички, два на Тиквеш, еден на Струга ТЛ, најмногу пет гола и даде на Брегалница, на Македонија ЃП на гости еден гол, на Пелистер дома два, и со Шкупи на гости еден во поразот од 2:1.

Инаку Ренова пропушти да даде гол и во натпревар од Купот против тетовска Шкендија кога загубија од 5:0.

Се вчитува...