Ренова се засили и со Артан Велиу

Во финишот на преодниот рок во домашниот шампионат, Ренова ги засили своите редови и со Артан Велиу.

Досегашниот офанзивец на Шкупи се одлучи да замине од редовите на чаирскиот прволигаш и да се пресели меѓу „гипсарите“.

21-годишниот Велиу претходно во својата кариера има настапувано и за Вардар Форино и Гостивар. Согласно најавите со неговиот ангажман за заокружува списокот фудбалери на кои тренерот Бујар Ислами ќе смета за актуелнава сезона.

Се вчитува...