Ренова стартуваше со подготовки, само Зука ново име

Фудбалскиот клуб Ренова денеска стартуваше со зимските подготовки. Избраниците на Ќатип Османи означија почеток на подготовките за вториот дел од сезоната.

Ренова имаше одличен есенски дел од шампионатот, каде заврши на петтата позиција. Имаше супер старт, на моменти беше и на втората позиција и третото место, но во финишот малата криза придонесе за мал пад на табелата.

На денешната прозивка присуствуваше и новото име во таборот на „гипсарите“ Фисник Зука.

Експедицијата на „гипсарите“ одат на подготовки во Охрид на 20. јануари. Таму ќе одиграат неколку пријателски натпревари со домашни и странски екипи.

Се вчитува...