Ренова загуби од Лабуништа на тестот во Охрид

Второлигашот Лабуништа беше подобар од прволигашот Ренова на денешниот пријателски натпревар кој се одигра на стадионот на СРЦ Билјанини извори во Охрид.

Лабуништа славеше со 0-1, со голот во 55. минута на Петар Љамчевски. Ова е прв контролен натпревар за „гипсарите“ во зимскиот подготвителен период.

Се вчитува...