Репрезентативец на Шпанија заработи тешка повреда и нема да игра на ЕВРО

Фудбалерот на Вилјареал Јереми Пино, ги повреди лигаментите на левото колено, и се очекува да го пропушти останатиот дел од сезоната. Пино тешко и да се опорави за идното Европско првенство, на кое Шпанија веќе се квалификацираше.

Овој 21-годишен фудбалер досега одигра 12 натпревари во дресот на Шпанија, и постигна два гола.

Освен за Шпанија, повредата на Пино е тежок удар и за Вилјареал, кој по 13 кола е на 14 позиција на табелата и му престои битка за останување во Ла Лига.

Се вчитува...