Репрезентативецот Крстевски од Австрија со трансфер во Романија

Македонскиот репрезентативец Горан Крстевски својата кариера ја продолжува во романскиот шампионат, во екипата на Фошани.

По една сезона мината во Австрија, во составот на Линц, Крстевски се одлучи на трансфер во Романија потпишувајќи двегодишен договор со Фошани.

„Знам дека се работи за одличен колектив поради што ја прифатив понудата. Верувам дека ќе помогнам тимот да ги оствари своите амбиции во новата сезона“ – истакна Крстевски по потпишувањето на договорот со романскиот клуб.

Се вчитува...