Одбојкарот Ангеловски се сели во Романија

Дарко Ангеловски одлучи својата одбојкарска кариера да продолжи да ја гради надвор од границите на државата. Репрезентативното либеро официјално стана дел од Униреа Деј, клуб кој настапува во првата романска лига, Дивизија А.

Ангеловски минатата сезона ја започна во дресот на Вардар, но спогодбено ја прекина соработката со скопскиот клуб.

Младиот репрезентативец e едно од трите вкупно нови засилувања на тимот кој се обидува да се врати на победничките патеки. Првиот дел од тековната сезона Униреа Деј го заврши на 10. место со десет порази од вкупно 13 одиграни натпревари.

Се вчитува...