Репрезентативците пристигнаа во Тбилиси – Време е за ЕВРО 2020 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на репрезентацијата на Македонија стигнаа во Тбилиси каде утре против Грузија ќе се сретнат во бараж натпреварот за пласман на ЕВРО 2020. Од списокот за мечот против Грузијците отпаднаа Енис Барди поради повреда и Кире Ристевски и Крсте Велковски поради позитивни ковид тестови, а Аријан Адеми кој исто така има проблеми со повреда сепак отпатува за Тбилиси и до последен момент нема да се знае дали ќе може да им помогне на соиграчите.

Одлична вест е тоа што по пропуштањето на мечевите од октомврискиот циклус, селекторот ќе може да смета на дијамантот Елиф Елмас, а сите останати првотимци предводени од капитенот Горан Пандев исто така ќе бидат подготвени за утрешниот меч. Официјалниот тренинг нашите репрезентативци ќе го одработат вечерва во 19 часот на „Динамо арената“.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија ќе се одигра утре со почеток во 18 часот.

 

 

 

Се вчитува...