Репрезентативците се собираат пред историскиот меч со Грузија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дел од репрезентативците на Македонија пристигнаа на собирот пред најважниот фудбалски меч во историјата на нашата земја. Остануваат уште три дена до натпреварот кој го чека целата јавност и гостувањето кај Грузија во баражот за пласман на Европското првенство. Одлична вест за селекторот Ангеловски за разлика од октомвриските средби е тоа што ќе може да смета на сите репрезентативни сили. Доколку нема несакани промени во последен момент.

 

 

 

 

Се вчитува...