Репрезентацијата на БиХ добива НБА засилување

Кошаркарската реперезентација на Босна и Херцеговина во следниот период ќе може да смета на услугите на Лука Гарза, Американецот со босанско потекло кој настапува за Минесота во НБА лигата.

Центарот кој беше избран како 52. пик на драфтот во 2021 година од страна на Детроит ќе му се приклучи на составот предводен од Адис Бечирагиќ во подготовките за престојните олимписки квалификации.

„За мене и мојата фамилија е голема чест што ќе ја претставувам државата која е роден мојата мајка. Тоа е чест која го исполнува моето срце со голема радост. Тоа е мојот сон од детство. Едвај го чекам моментот кога кошаркарскиот терен ќе го делам со соиграчите од репрезентацијата и ќе дадам се од себе за тренерот Адис, стручниот штаб и Босна и Херцеговина“, изјави Гарза.

Се вчитува...