Македонската репрезентација, составен главно од фудбалери од домашното првенство а дополнета и со двајца интернационалци, вечерва отпатува за Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати каде на 22. октомври ќе го игра пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија.
Селекторот Благоја Милевски за овој дуел во Абу Даби води 20 фудбалери од кои 18 од македонскиот шампионат, плус интернационалците Дарко Велковски, кој игра во Саудиска Арабија како и Кристијан Тошевски од Тирана, Албанија, откако во последен момент поради повреда отпадна Мартин Стојанов од бугарскиот прволигаш Септември Софија.
Репрезентативците во Абу Даби ќе реализираат тридневни подготовки пред пријателскиот дуел со Саудиска Арабија закажан за в сабота (22. октомври).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА