Респект за Елмас: Македонците имаат свој Лука Дончиќ, внимавајте на него…

Горан Пандев е големиот лидер на оваа репрезентација, но Елиф Елмас со извонредниот настап против Летонија го оправда епитетот „фудбалски дијамант“ што му го дадоа турските медиуми при трансферот во Фенербахче. Двата гола против Летонците се доволна причина на Елмас да се гледа како на огромна опасност кон голот на Јан Облак, а словенечките медиуми му дадоа на македонскиот репрезентативец најголем можен комлимент – споредувајќи го со уште едно „чудо од дете“ од оваа земја – НБА-ѕвездата Лука Дончиќ.

„Македонците имаат свој Лука Дончиќ, внимавајте на него“ – гласи предупредувањето до селекторот Кек.

Потоа, се додава дека поранешниот словенечки селектор Стојановиќ имал можност на дело да се увери во вонсериските квалитети на Елмас, кој во четвртокот одиграл на ниво на Зидан, покажувајќи талент за соло-мајстории, но и за поврзување на линиите на својата репрезентација. Тој го почна мечот на клупата, а со играта што ја покажа само потврди дека ги заслужува сите комплименти што пристигнуваат на негова адреса.

Повредата на Хасани значи дека Елмас ќе биде стартер утре во Љубљана, но неговиот добар настап со Летонија дефинитивно ќе значи и дополнително внимание на противникот при запирањето на асот на Фенербахче. А комплиментите што пристигнуваат на негова адреса ќе бидат само мотив плус Елмас во татковината на Лука Динчиќ да потврди дека компарациите со големиот кошаркарски ас се оправдани.

Се вчитува...