Ретегуи сам ја „преслуша“ Верона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта стигнаа до нова победа во домашниот шампионат, откако денеска ја прегазија Верона на гостински терен со убедливи 0-5 во меч од 24. коло во италијанската Серија А.

Водство од 0-1 за гостите донесе Ретегуи во 21. минута. Истиот фудбалер зголеми на 0-2 само четири минути подоцна, а во 37. минута со голот на Едерсон беше и 0-3. До крајот на првиот дел тимот од Бергамо постигна гол и за 0-4 преку Ретегуи (хет-трик) во 44. минута.

Конечните 0-5 беа дело на Ретегуи кој го одбележа овој меч со четири постигнати гола.

 

Standings provided by Sofascore

 

 

 

 

Се вчитува...