Ретко видени сцени во Бундеслигата: Судија погоден со предмет, мечот прекинат

Неверојатни сцени кога е во прашање Бундеслигата. Синоќешниот натпревар од 27. коло меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах беше прекинат во 71. минута при резултат 0-2 за гостите.

Од публиката беа фрлани предмети, а една отворена лименка пиво го погоди помошниот судија по што главниот го прекина натпреварот, кој воопшто не продолжи и ќе биде регистриран со службен резултат од 0-3 за гостите.

Зачудувачки сцени ако се знае дека ретко кога во Германија има проблеми со навивачите. Бохум го очекува тешка казна поради неодговорните фанови.

Се вчитува...