Ревија од „уметнички дела“ на „Филип Втори“: Екстра-гол на „Нестор гол“ (ВИДЕО)

Долго го немаше со погодок во дресот на македонската репрезентација… За да Илија Несторовски на вистински начин проработи во последните два натпревари од Лигата на нации.

Откако стрелаше пред три дена против Лихтенштајн во Вадуц, „Нестор гол“ со две мајстории и против Гибралтар на дуелот на „Филип Втори“. А, во 80. минута постигна вистински спектакуларен гол со извонреден шут од 16 метри за водство на Македонија и од 3-0 против Гибралтарците.

Без сомнение, вечерва на „Филип Втори“ ревија на три прекрасни погодоци на македонските репрезентативци…

Се вчитува...