Револуционерна промена во Баерн Минхен: Румениге заминува, Кан доаѓа!

Баерн Минхен го очекуваат револуционерни промени по дефинитивната најава за заминување на Карл-Хајнц Румениге од клубот.

Претседателот на надзорниот одбор на баварскиот тим, Карл-Хајнц Румениге ги потврди неодамнешните најави за негово повлекување. На негово место во клубот ќе дојде уште една легенда на германскиот фудбал, Оливер Кан.

„Да, одлуката е конечна. Исто така, ќе биде одличен момент кога диригентската палка ќе ја преземе Оливер Кан. Јас ќе го завршам мојот мандат до 2021 година и се повлекувам” – призна Румениге во интервју за „Скај Спорт“.

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен е во клубот е повеќе од 17 години.

„Сакаме Оли да ме замени на најдобар можен начин. Ќе работиме извесен период и заедно. Одборот на клубот веќе даде дозвола за негово идно назначување, мина и менаџмент студии па сигурен сум дека ќе биде идеално решение за клубот“ – дополнува Румениге.

Оливер Кан беше во Баерн Минхен цели 14 години, во периодот од 1994 до 2008 година. За тоа време одигра повеќе од 600 натпревари. Осум пати со Баерн Минхен го освојуваше германското првенство, шест пати германскиот Куп и еднаш Лигата на шампионите – во 2001 година. Славниот германски голман има и многу индивидуални успеси. Седум пати беше избран за голман на сезоната во Бундеслигата. Исто така избран е за најдобар европски голман четири години по ред – од 1999 до 2002 година.

Се вчитува...