„Резервистот“ Меси влезе и ја разбуди Барселона

Лионел Меси беше човек на одлука на денешниот дуел меѓу Барселона и Бетис, на кој Аргентинецот влезе во игра како резерва и го разбуди заспаниот каталонски џин за триумф од 5-2. Воедно, вториот погодок на Меси на овој дуел беше негов прв погодок од игра сезонава, со што Аргентинецот го прекина најдолгиот ваков пост во последните десет години.

Куман изненади оставајќи го аргентинскиот генијалец на клупата, но Барса сепак успеа прва да поведе со прекрасниот погодок на Дембеле. Гризман се посрамоти промашувајќи пенал при 1-0, по што Бетис во самиот финиш од полувремето успеа да израмни. Меси влезе во игра на стартот од второто полувреме и веднаш остави трага на мечот, со извонреден потег прескокнувајќи ја топката за Гризман рутински да погоди за 2-1.

Аргентинецот потоа биеше прецизно од пенал за водство од 3-1, Бетис намали на 3-2, но Меси со својот втор гол го реши победникот. Конечните 5-2 во 90. минута ги постави Педри.

Се вчитува...