Ракометната Федерација на Македонија прави се за ракометот да остане спорт број 1 во нашата држава, потврдувајќи го тоа и со последниот потег – доделување на опрема за натпреварување на 14 клубови од Првата машка лига (втор ранг на натпреварување, зад Супер-лигата) и на седум клубови од Првата женска лига.
Доделувањето беше извршено во куќата на ракометот, каде претседателот Стефанов им врачи комплет опреми и ракометни топки на претставницие на клубовите.

„Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, на 14 клуба од Првата машка лига и 7 клуба од Првата женска лига им беше доделена спортска опрема за претстојните сезони.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, г-дин Александар Стефанов, на претставниците на клубовите им врачи комплети дресови, шорцеви и тренерки, како и ракометни топки.
Со оваа поддршка, Ракометната федерација на Македонија продолжува да инвестира во развојот на клубскиот ракомет и создавањето подобри услови за работа и натпреварување“, овјавија од Ракометната Федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
