РФМ ги објави протоколите за тренинг и натпреварување: Без публика, ограничен пристап на терен, тестови на 72 часа пред стартот на натпреварувањето…

Ракометната федерација на Македонија ги објави протоколите  за работа на ракометните клубови во време на пандемијата на коронавирусот, како начин за превенција и заштита од Ковид-19, кои беа донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство

Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на ракометните натпреварување, пријателски или официјални, ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на ракометарите на терен, ќе мора да носат заштитни марки.

Сите ракометари и членови на ракометните тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.

Комплетниот протокол за работа на ракометните клубови може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...