РФМ и Министерството за спорт одвоија по 1,5 милиони денари парична награда за ракометарите ако се пласираат на ЕП 2026

Управниот oдбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за доделување парична награда за машката ракометна репрезентација за пласман на претстојното Европско првенство 2026 преку престојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Естонија и Литванија во висина од 1,5 милиони денари.

„Согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлукa согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 06.05.2025 година донесе одлука за доделување парична награда“ – инфомираат од РФМ.

Како дополнитена мотивација од Министерството за спорт по одлука на Министерот за спорт, Борко Ристовски ветена е и дополнителна парична награда од 1,5 милиони денари нето износ, за нашата машка сениорска репрезентација за пласман на Европското првенство.

Се вчитува...