РФМ промовираше Прирачник за ракометни правила

Ракометната федерација на Македонија, во пресрет на новата натпреварувачка сезона, изработи Прирачник за ракометните правила на македонски јазик, согласно најновите промени на Светската ракометна организација, наменет за судиите и делегатите.

Со цел унифицирана примена и подобро познавање на правилата на ракометната игра, примероци од прирачникот ќе им бидат доделени на судиите и делегатите во рамки на редовните тестирања пред почетокот на сезоната.

„Ракометната федерација на Македонија продолжува со активности насочени кон унапредување на стручноста, едукацијата и квалитетот на сите чинители во македонскиот ракомет“ – информираат од РФМ.

Се вчитува...