РФМ со импулс повеќе за ракометарите: Со сите сили, ладни глави и гордо во одбрана на националниот дрес!

Вообичаено како и пред секој досега натпревар на Европското првенство во Хрватска, Ракометната федерација на Македонија со мотив повеќе за македонските репрезентативци.

Така е и сега пред големата пресметка со Шпанија во Вараждин. РФМ, преку ново мотивирачко соопштение носи импулс повеќе за ракометарите во желбата да се дојде до победата и чекор поблиску до толку посакуваното полуфинале на европскиот шампионат.

„Шпанија е познат противник за нас, и навистина голем предизвик. Овој пат, трибините на арената во Вараждин ќе бидат во апсолутна доминација на нашата верна ‘Фаланга’ наспроти шпанската црвена фурија. Повторно, со сите сили, ладни глави, спортски, фер, достоинствено и гордо ќе ги браниме боите на националниот дрес! Срце на терен: ЗА МАКЕДОНИЈА!“ – мотивира РФМ.

Се вчитува...