Рибакина ја разреши дилемата за нејзината националност

Освојувачката на Вимблдон Елена Рибакина, се врати во Казахстан, а она што го кажа, засекогаш ќе ги боли Русите. Рибакина веднаш по пристигнувањето во Нур-Султан ги сподели своите импресии од освоениот Вимлбдон.

Тенисерката родена во Москва, настапува за Казахстан од 2018 година затоа што добила подобра финансиска и спортска поддршка од таа земја, отколку од Русија.

Веднаш после освојувањето на Вимблдон, оваа 23-годишна тенисерка мора да се соочи со некои незгодни прашања, а истото го доживеа и по враќањето во Казахстан. Новинарите почнале да ја прашуваат за тоа чиј државјанин е, а таа се реши да стави точка на тоа прашање покажувајќи го пасошот на Казахстан.

Се вчитува...