Крајот на сезонава ќе означи и крај на една фантастична авантура, 12-годишната соработка меѓу Баерн Минхен и Франк Рибери. Францускиот ас денеска на прес-конференција се наврати на своите најубави моменти во кариерата, но и откри дека не планира да ја заврши својата кариера.
„Имам многу моменти кои ќе ги паметам цел живот, многу освоени трофеи. Сепак, онаа 2013 година беше неверојатна, игравме фантастичен фудбал, најмил гол ми е оној против Борусија Менхенгладбах постигнат во последната минута. Јасно ми е, на се мора да му дојде крајот, тешко е да се замине од проект што трае 12 години, тоа беше прекрасен период за мене и моето семејство. Добив понуди, но се уште сериозно не сум ги разгледал. Едно е сигурно, ќе играм фудбал уште две години, а потоа се враќам назад во Минхен, каде со семејството се чувствуваме фантастично“ – истакна Рибери.
Французинот пристигна во Баерн во 2007 година од редовите на Олимпик Марсеј, дефинитивно еден од најдобрите трансфери во историјата на баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА