Рибери: Воопшто не е лесно да се слави во Севилја

Франк Рибери беше човекот на одлука вечерва на „Санчез Пизхуан“, откако францускиот ас учествуваше во акциите при двата гола на Баерн за големата победа во Севилја.

„Ова е значаен триумф, да се игра на гостински терен во ЛШ е секогаш незгодно, а воопшто не е лесно да се слави во Севилја. Добро почнавме, контролиравме во првите десетина минути, а потоаа дојде до пад во концентрацијата. Домаќините поведоа, но нашата реакција беше извонредна, веднаш израмнивме и потоа ја вративме контролата. Нема да се опуштиме на реваншот, ова е Лига на шампиони и секоја грешка веднаш се казнува, не смееме да си дозволиме такво нешто“ – изјави Рибери.

Се вчитува...