Иднината на Марко Арнаутовиќ во Црвена Звезда е сериозно доведена во прашање откако новиот тренер Алберт Риера јасно стави до знаење дека не смета сериозно на услугите на 37-годишниот ветеран.
Шпанскиот стратег нецел месец е во клубот, а веќе на три натпревари воопшто не го стави австрискиот голгетер во игра. Арнаутовиќ одигра само 22 минути на вечното дерби со Партизан, a за денешното гостување против Радник Сурдулица искусниот ас не се најде ниту на клупата за резервни фудбалери.
Пораката од шпанскиот тренер е и повеќе од јасна – во ситуација кога тимот не стигна до место во ЛШ, па ќе мора да игра само во Конференциската лига, на Риера не му е потребен фудбалер кој воедно е и убедливо најплатен во целата екипа.
Проблем е возраста на Австриецот, кој на 37 години се приближува до крајот на кариерата, па „црвено-белите“ тешко ќе најдат купец што би ги ослободил од скапиот повеќемилионски договор што минатото лето го потпишаа со Арнаутовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
