Црвена Звезда со триумф од 3-0 во првиот меч со чешкиот тим Викторија Плзен, направи огромни чекори кон групната фаза во Лигата на Европа. Со тоа Алберт Риера стартуваше со победа на клупата на белградскиот тим.
Мирко Иваниќ во 36. минута од средбата донесе предност за „црвено-белите“. Истиот фудбалер во 53. минута, исто по асистенција на Елшник зголеми на 2-0. Катаи од пенал во 89. минута ги постави конечните 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
